Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ-граѓаните се оштетени од договорот со Бугарија


Илустрација-седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и денеска повтори дека Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија е штетен за Македонија наведувајќи дека ќе поднесат до Собраниетопредлог за организирање на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за договорот.

Граѓаните на Република Македонија се чувствуваат како оштетена страна на договорот, бидејќи Република Македонија е страната која трпи голем број на отстапки и обврски, без притоа да има отстапки на бугарска страна, наведе Златко Перински, член на извршниот комитет на опозициската партија.

“Oдлуката за организирање референдум се должи на ставот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој смета дека договорот е донесен во нетранспарентна постапка, далеку од очите на јавноста, и со тоа Социјалдемократскиот сојуз им го одзема правото на граѓаните да бидат запознаени каков договор склучува нивната влада, од кој истите тие ќе имаат обврска” вели Перински.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека пред изјаснувањето за овој договор од страна на пратениците, правилно е да се слушне мислењето на граѓаните.

Од таму наведуваат дека тие се за добрососедство и соработка со Република Бугарија но дека односите помеѓу двете држави треба да се градат врз основа на заемно почитување, а не врз база на отстапки и штетни последици за само едната страна.

XS
SM
MD
LG