Достапни линкови

Пет лица повредени во напад со нож во Минхен


Илустрација

Пет лица се полесно повредени денеска во напад со нож на пет различни локации во јужниот германски град Минхен, соопшти германската полиција. Напаѓачот е се уште во бегство и сирени може да се слушнат низ целиот град додека полицијата е во потрага по него. Таа ги повика граѓаните да останат дома по инцидентот.
Локалната полиција соопшти дека осомничениот е маж на околу 40 годишна возраст кој дејствувал сам. Мотивот за нападот се уште не е расчистен.

XS
SM
MD
LG