Достапни линкови

Прогласена "историска победа" врз ИД во Рака


Сирија-прослава на сириските демократски сили во Рака, 19.10.2017

Силите поддржани од САД прогласија историска победа откако ја протераа Исламска држава од самопрогасениот нивни главен град Рака во Сирија и соопштија дека насоро ќе ја преземат моќта и врз администрацијата. Три дена по целосното преземање на северниот град, од кој милитантната група планираше напади низ целиот свет, сириските демократски сили предводени од Курдите прогласија победа за целото човештво.

Силите предводени од САД соопштија дека сакаат да воспостават федерален систем во Рака и остатокот од Сирија, нешто што владата во Дамаск досега не сакаше да го прифати.

Шефот на американскиот центар за борба против тероризмот Николас Расмусен пак очекува милитантите да продолжат да поттикнуваат насилни напади низ светот.

XS
SM
MD
LG