Достапни линкови

Порошенко побара антикорупциски суд до крајот на годинава


Архивска фотографија-претседателот на Украина Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара да се побрза со законот со кој треба да се формира антикорупциски суд до крајот на годинава како одговор на барањата на западните сојузници и на протестите пред парламентот во Киев. Зборувајќи на средбата со претставници на граничната безбедност доцна вчера Порошенко ја повтори поддршката за клучните институционални промени кои ги вети и претходно.

Потегот доаѓа во време на првиот бран опозициски протести откако претходниот претседател Виктор Јанукович беше тргнат од власта во 2014 година. Порошенко рече дека веќе има предвидено пари за судот во нацрт буџетот за идната година и побара од сите пратеници да помогнат за законот.

Протестирачките групи, лидерите на Европската унија и Монетарниот фонд кои бараат антикорупциски реформи се уште немаат реакција.

XS
SM
MD
LG