Достапни линкови

Авганистан-најмалку 72 мртви во напади на две џамии


Авганистан-џамијата во Кабул врз која беше извршен нападот, 20.10.2017

Авганистанските власти соопштија дека во напади на бомбаши самоубијци на две џамии загинале најмалку 72 лица. Властите очекуваат дека е можно да порасне бројот на жртвите во вчерашните напади во шиитска џамија во главниот град Кабул и во сунитиска во централната авганистанска провинција Гор.

Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Кабул. Нападите доаѓаат ден откако 43 војници беа убиени, а девет повредени во талибански напад на воен камп во јужната провинција Кандахар.

XS
SM
MD
LG