Достапни линкови

АВМУ: Регионалните радиодифузери најмногу известувале за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ


Локални избори 2017.

Радиодифузерите на регионално ниво во првиот круг од локалните избори кампањата ја покриваа со помал интензитет, генерално обидувајќи се да обезбедат еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборите, покажува анлизата на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Фокусот во известувањето бил на двете коалиции предводени од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ кои имаа најмногу кандидати, а во последните девет дена од изборната кампања барањето за избалансирано покривање на изборите е констатирано само кај една телевизија.

„Во законски утврдениот рок Агенцијата ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд“, велат од АВМУ.

XS
SM
MD
LG