Достапни линкови

Судењето на Грујевски и Бошкоски во Солун одложено за 24 октомври


Потерница од МВР за Никола Бошкоски и Горан Грујевски.

Судот во Солун денеска го одложи судењето на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски за 24 октомври, за кои македонскиет власти по двајцата имаат распишано меѓународни потерници, пренесеува МИА.

Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати под името „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Тие денеска беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи, а беа уаспени завчера на аеродромот во Солун. Причина за одложувањето на судењето е што судот не можел да најде преведувач од грчки јазик на македонски јазик.

Претходно грчки медиуми јавија дека Грујевски и Бошкоски може да бидат екстрадирани кон крајот на ноември или во првите недели на декември годинава, а дотогаш ќе бидат во притвор во Грција.

XS
SM
MD
LG