Достапни линкови

Спасовски - Грујевски и Бошкоски имале логистика од Македонија


Архива - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Поранешниот началник на Петата управа во МВР Горан Грујовски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, за кои имаше потерница и кои беа фатени во Солун, имале логистика од Македонија додека беа во бегство, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

МВР информациите за локацијата на двајцата бегалци ја добиле непосредно од луѓе, а имало и соработка со службите од соседните земји, вели Спасовски за телевизијата „Алсат-М.“

„Ова е една акција која што ја работевме регионално, вклучени се повеќе служби и сознанијата кои што ги имавме од претходно доведоа до успешна реализација на оваа акција“, изјави Спасовски.

XS
SM
MD
LG