Достапни линкови

Десетици убиени во експлозија во Кабул


Архива - Момче од Авганистан на месето каде се случи самоубиствен напад во близина на џамија во Кабул. 29.09.2017

Официјални претставници за безбедност велат дека најмалку 30 лица се убиени и 45 повредени, откако бомбаш самоубиец активирал експлозив во шиитска џамија во главниот град на Авганистан, Кабул.

Нападот се случил во џамијата Имам Заман во западниот дел на Кабул додека верници се собирале на молитва, изјави генерал - мајор Алимаст Моманд.

Ниту една група засега не презема одговорност за нападот. Најновиот напад доаѓа еден ден откако 43 војници беа убиени и девет беа повредени во напад на Талибанците врз армиски камп во јужната провинција Кандахар.

XS
SM
MD
LG