Достапни линкови

МВР - За тепачката во автобус кај Бит пазар извршен разговор со 10 лица


Македонска полиција, МВР.

Во полициската станица Бит пазар е извршен разговор со десет лица за синоќешниот инцидент во автобус на ЈСП. Разговарано е со седум малолетници и три полнолетни лица, меѓу кои и возачот на автобусот, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен.

Тројцата повредени во тепачката по укажаната лекарска помош на Ургентниот центар се пуштени на домашно лекување.

МВР претходно соопшти дека за инцидентот во градскиот автобус е приведено и едно лице. Како што информираа, група лица синоќа нападнале патници во автобус бр. 50 на ЈСП кај Бит пазар, предизвикале сообраќајка на автобусот и продолжиле со тепачката на автобуската постојка.

XS
SM
MD
LG