Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ најавува референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија


Архива - Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ најавува референдум за Договор за пријатество и добрососедство што македоснката Влада го склучи со Бугарија. Од партијата наведуваат дека владејачката СДСМ договорот го склучила во нетранспарентен процес и оти тој предизвикува обврски само за Македонија, без да предвиди отстапки од страна на Бугарија.

„Од тие причини, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе до парламентот на Република Македонија предлог за организирање референдум на кој граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштение се наведува дека ваквата одлука е донесена врз основа на последната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која бил донесен заклучок дека не смее да биде заобиколена ниту стручната јавност, ниту народот.

„Имајќи предвид дека овој договор се потпиша, но сеуште Парламентот го нема ратификувано и со тоа се уште не е важечки, ВМРО-ДПМНЕ смета дека пред изјаснувањето за овој договор од страна на пратениците, правилно е да се слушне мислењето на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG