Достапни линкови

Министерството за правда со барање до судот за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски


Министерство за Правда

Министерството за правда денеска достави барање до надлежниот суд во Скопје за подготовка на целокупната документација за екстрадиција на поранешните функционери на УБК Горан Грујевски и Никола Бошкоски, откако официјално добиле писмо од МВР, соопштуваат од Министерството за правда.

„Притоа, надлежниот суд е упатен на одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, Конвенцијата помеѓу Федеративна Народна Република Југославија и Кралството Грција за взаемните правни односи од 1959 година преземена како републички пропис со чл. 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија и Европската Конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи“, наведуваат од Министерството за правда.

Оттаму додаваат дека во конкретниот случај постапуваат согласно законските одредби од домашната регулатива и наведените конвенции.

XS
SM
MD
LG