Достапни линкови

Советот НАТО-Русија ќе се состане наредната недела


Заедничкиот совет Русија-НАТО ќе се состане во Брисел на 26 октомври, втор пат оваа година. Кабинетот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека на состанокот ќе се разговара за конфликтите во Украина и во Авганистан, како и за начините за намалување на ризикот од судири и несреќи за време на воените вежби и обезбедувањето на границите.

Односите меѓу НАТО и Москва сериозно се влошија поради руската анексија на Крим во 2014 година, како и поради поддршката од Москва за проруските сепаратисти во источна Украина. Москва негира дека се меша во внатрешни работи на Украина, но Столтенберг во јули рече дека Русија има „илјадници“ војници во Украина.

Во изминативе месеци, пак, имаше серија потенцијално опасни блиски средби меѓу руски и воени авиони и бродови на НАТО.

Советот Русија-НАТО претходно се состана во март.

XS
SM
MD
LG