Достапни линкови

Лавров – Нема брзи резултати во стратешките разговори со САД


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека светот не треба да очекува „значителни резултати во блиска иднина“ од разговорите за стратешка безбедност меѓу Русија и САД. Во денешниот говор на конференција за неширење на нуклеарното оружје во Москва, Лавров исто така рече дека ситуацијата околу Договорот за нуклеарни сили со среден дострел од 1987 година е во „ќор-сокак“, зашто Вашингтон „одбива да ги појасни“ своите тврдења дека Русија го прекршува договорот. Тој рече дека Москва исто така има загриженост за можното кршење на договорот од страна на САД.

Слични забелешки вчера во Сочи изнесе и рускиот претседател Владимир Путин. Тој рече дека Москва ќе одговори „веднаш и симетрично“ ако САД се повлечат од договорот.

Лавров исто така изрази скепса околу корисноста од понатамошни билатерални договори со САД за договорот за намалување на нуклеарниот арсенал, СТАРТ. Наместо тоа, тој повика на разговори за нуклеарно разоружување во проширен состав.

„Бројките поставени во сегашниот договор ги доведуваат нуклеарните арсенали на САД и на Русија блиску до параметрите кои ги постигнаа и другите земји“, рече тој.

Лавров исто така изрази поддршка за нуклеарниот договор со Иран.

XS
SM
MD
LG