Достапни линкови

Светската банка ги намали очекувањата за раст на Македонија на 1,5 отсто


Најновата проекција на Светска банка за растот на македонската економија во 2017 година е 1,5 проценти. Според објавените податоци во извештајот на Светската банка насловен „Миграција и мобилност“, БДП годинава ќе има раст од 1,5 проценти, следната година 3,2 проценти, а во 2019 година 3,9 проценти.

Според Светска банка влијание на ваквите очекувања за раст од 1,5 проценти имала политичката нестабилност во првата половина од годината. Главни двигатели на растот се очекува да биде потрошувачката, поттикната од зголемувањето на вработувањата и инвестициите.

Светска банка очекува буџетскиот дефицит да биде до три проценти од БДП годинава и дека тој ќе се намали до 2,2 проценти до 2019 година.

Според априлската проекција на оваа меѓународна финансиска институција растот на БДП во Македонија требаше да изнесува 2,8 отсто.

XS
SM
MD
LG