Достапни линкови

Преместување на далноводот на автопатот Демир Капија-Смоквица наредниот месец


Илустрација

Следниот месец треба да се премести делот од 400 киловолтниот интерконективен далекувод во близина на Неготино, што е неопходно за да може да се пушти во употреба автопатот Демир-Капија Смоквица.

За да се заврши преместување за потребите на новиот автопат, далноводот што ги поврзува Македонија и Грција, ќе биде исклучен од 11 до 26 следниот месец, вели директорот на МЕПСО Сашо Василевски во интервју за МИА.

Исклучувањето, според Василевски, нема да пречи на нормалното снабдување на граѓаните со електрична енергија, а со Грција има поврзување и преку далноводот Битола-Лерин што е пуштен во употреба во 2007 година.

Тој вели дека е многу нејасно зошто далноводот не е преместен навреме, туку се чекало автопатот да биде готов за употреба.

Пречка за пуштање во употреба на автопатот, покрај дислокација на далноводот, е и изградбата на контролниот центар кај Неготино, активност што, според првичните најави, треба да биде готова во јануари следната година. Станува збор за центар што ќе ги известува патниците во случај на несреќи и прекин на сообраќајот на тунелите и мостовите.

За завршување на градежните работи за дислокацијата на далноводот и за контролниот центар, Владата со анекс го продолжи договорот за изградба на автопатот до 28 февруари следната година.

XS
SM
MD
LG