Достапни линкови

Лидерите на ЕУ ја потврдија посветеноста на нуклеарниот договор со Иран


Самит на лидерите на ЕУ во Брисел

Лидерите на ЕУ вчера ја потврдија својата посветеност на договорот за нуклеарната програма на Иран и покрај критиките за договорот од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Сепак, европските лидери изразија загриженост за програмата за балистички проектили на Иран, како и за, како што смета западот, поттикнување на нестабилноста на Блискиот Исток.

Трамп смета дека договорот е лош и оти Иран не го почитува. Минатата недела тој се закани дека САД ќе се повлечат од договорот.

XS
SM
MD
LG