Достапни линкови

Локални избори во Косово в недела


Архивска фотографија: Избори во Косово

Речиси 1,9 милиони жители на Косово в недела ќе гласаат за избор на нови органи на локалната самоуправа. Едномесечната предизборна кампања завршува вечерва на полноќ, кога почнува изборниот молк за локалните избори.

На изборите учествуваат 91 политички субјект, вклучувајќи една коалиција, 35 политички партии, 30 граѓански иницијативи и 25 независни кандидати.

Во 38 општини во трката за градоначалници се вкупно 204 кандидати, додека за членови на општинските собранија ќе се борат 6.887 кандидати. Меѓу кандидатите на изборите се и тројца актуелни министри и 11 пратеници.

Според косовската Централна изборна комисија во единствениот избирачки список се запишани 1.890.952 лица со право на глас.

XS
SM
MD
LG