Достапни линкови

Мило Ѓукановиќ за претседателската кандидатура


Лидерот на црногорската владејачка Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ

Лидерот на црногорската владејачка Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ синоќа изјави деканеговата партија до крајот на ноември ќе реши за кандидатурата за претседател на изборите во наредната година. Притоа, тој не се изјасни дали ќе се кандидира. „Човек се заморува занимавајќи се со една работа 20 години. Сепак, за мене нема поголем интерес доколку се покаже дека постои реална потреба за држвата Црна Гора“, рече тој, наведувајќи дека во владејачката коалиција имало повеќемина луѓе подготвени да одговорат на потребите за победа на претседателските избори. Ѓукановиќ во октомври лани, по парламентарните избори, се повлече од државните функции, што е третто негово повлекување од независноста на Црна Гора во 2006 година.

XS
SM
MD
LG