Достапни линкови

ЕУ нема да посредува во каталонската криза


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Европските лидери ја отфрлија можноста ЕУ да посредува во спорот меѓу Шпанија и Каталонија, откако шпанската влада соопшти дека разгледува потези за одземање на каталонската автономија. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на маргините на самитот на Унијата во Брисел изјави дека „нема место за какво било посредување, ниту за меѓународни иницијативи и акции“. Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани пак изјави дека никој во ЕУ нема да ја признае Каталонија како суверена држава.

XS
SM
MD
LG