Достапни линкови

Грција реагира на уривањето објекти во Химара, Албанија


шефот на грчката дипломатија Никос Козиас, архивска снимка

Официјална Атина искажа голема вознемиреност поради одлуката на Владата во Тирана за уривање на објекти во приморското гратче Химара, населено со прпадници на грчкото малцинство. Во соопштението на грчкото министерство за надворешни работи се оценува дека „уништувањето на имотот на прпадниците на грчкото малцинство“ се случувало во рамки на политиката на албанската Влада за искоренување на историското присуство на грчкото малцинство во подрачјето на Химара. За грчката страна, неодамна изгласаниот закон за малцинства од страна на албанскиот Парламент претставува „чекор назад за најголемото малцинство на Албанија, грчкото етничко малцинство“.

XS
SM
MD
LG