Достапни линкови

Путин се закани со нова трка во вооружување


Рускиот претседател Владимир Путин, Сочи, 19.10.2017.

Рускиот претседател Владимир Путин се закани со можна нова трка во вооружување, обвинувајќи го Вашингтон дека сака да излезе од клучниот договор од Студената војна за крстосувачките нуклеарни ракети. „Во таков случај Русија веднаш ќе одговори“, изјави Путин на средбата со руски и странски експерти за надворешни работи што се одржа во Сочи. На оваа средба Путин скоро три часа одговараше на прашања. Сепак тој избегна да одговори на прашањето дали има намера да се кандидира за уште мандат на претседателските избори во март идната година.

XS
SM
MD
LG