Достапни линкови

Повредени и приведен по тепачка во автобус на ЈСП


Повредени се тројца луѓе, кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар, во инцидент на Бит Пазар, соопшти полицијата доцна вечерва. За овој инцидент е приведен еден човек, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството, велат од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението на МВР се наведува дека неколку луѓе кои се превезувале со автобус на ЈСП, вечерва го нарушиле јавниот ред и мир и нападнале и патници кои биле во автобусот со број 50.

До полицијата било пријавено дека на постројката за автобус кај 26-ти Јули, односно на Бит Пазар, на вториот кат од автобусот неколку луѓе се степале, а потоа тепачката продолжила и на долниот кат од автобусот.

„Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр.20“, се наведува во соопштението на МВР.

По отворањето на вратите на автобусот, тепачката продолжила на самата постројка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци.

XS
SM
MD
LG