Достапни линкови

Ана Павловска-Данева член на ГРЕКО од Македонија


Архивска фотографија - Владина седница.

Владата на денешната седница ја именуваше проф. д-р Ана Павловска-Данева за член на ГРЕКО - Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од Република Македонија.

Како што соопшти владината служба за информирање, на седницата Владата донесе одлука и за преговори за склучување на Протокол помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

На седницата е решено и да се подготви соодветен акт за надминување на состојбата во државната компанија, загубарот Еурокомпозит.

На денешната седница е усвоена и информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата.

Владата одлучила да го врати во собраниска процедура Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, оти немале мислење за овој Предлог- закон.

Разгледана била и информацијата за склучен Протокол меѓу Царинската управа на Република Македонија и Федералната царинска служба на Руската федерација и информацијата за евтини летови.


XS
SM
MD
LG