Достапни линкови

МВР добило известување од Интерпол за Грујевски и Бошкоски


Министерството за внатрешни работи соопшти дека добиле известување од Интерпол – Атина, дека Никола Бошкоски и Горан Грујевски, кои се бараат со меѓународна потерница, се приведени вчера (18 октомври) во Солун. Ова известување било испратено до Министерството за правда за да ги достави сите потребни документи за екстрадиција, соопштуваат од МВР.

Претходно од Министерството за правда соопштија дека Грујевски и Бошкоски се изведени пред Обвинителство во Солун, каде ќе им биде одредено во кој затвор ќе бидат притворени, се до комплетирање на предметот на екстрадиција.

Бошкоски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“ за уништување на опремата за прислушување.


XS
SM
MD
LG