Достапни линкови

Албанското обвинителство бара одземање на имунитетот на Тахири


Архивска фотографија - полицијата во Албанија се справува со дилери на дрога.

Албанското Јавно обвинителството за тешки кривични дела достави барање до Парламентот во Тирана за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Во официјалното соопштение стои дека барањето е во рамки на истрагата покрената по синоќа добиените документи од италијанските власти за поврзаност на криминална група, што се занимавала со шверц на големи количества на марихуана од Албанија во Италија, со претставници на албанските власти, меѓу кои и со Тахири.

Тој пак за медиумите даде куса изјава велејќи - „Почекајте, не сте виделе се уште ништо, изјави Тахири, чии зборови медиумите ги окарактеризираа како закана до албанскиот премиер Еди Рама.

Преку својот профил на Фејсбук се јави и премиерот Рама, кој оцени дека „неговиот најуспешен министер завршува зад решетки поради тешки обвинувања“.

XS
SM
MD
LG