Достапни линкови

Каха Каладзе – фаворит за градоначалник на Тбилиси


Каха Каладзе во дресот на грузиската репрезентација

Поранешниот дефанзивец на италијанскиот клуб Милан, 39-годишниот Каха Каладзе, има нова цел во животот – сака да стане градоначалник на Тбилиси. Грузискиот фудбалер, кој со италијанскиот клуб два пати ја освои Лигата на шампионите, вели дека лекциите што ги научил на фудбалскиот терен за тимската работа го подготвиле да го води главниот град на Грузија.

Каладзе, кој веќе беше вицепремиер и министер за енергија откако се пензионираше од играњето фудбал во 2012 година, според анкетите, е фаворит за градоначалник на изборите на 21 октомври. Него го кандидира владејачката партија Грузиски сон.

XS
SM
MD
LG