Достапни линкови

Екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски ќе почне по известувањето од Интерпол


Министерството за правда треба да ја почне со постапката за екстрадиција откако ќе го добие известувањето од Интерпол за апсењето на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во соседна Грција.

Од Министерството за правда информираат дека сè уште немаат добиено такво известување од Интерпол.

Двајцата поранешни вработени во УБК, кои неколку месеци беа во бегство, се притворени во Солун, Грција, информираа синоќа од МВР. Сепак, Министерството за внатрешни работи утрово сè уште немаше добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето.

Бошкоски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

XS
SM
MD
LG