Достапни линкови

Корбин – Нема да дозволиме да ја направат Британија „даночен рај“


Лидерот на опозициските британски лабуристи Џереми Корбин

Лидерот на опозициските британски лабуристи Џереми Корбин денеска рече дека ќе се спротивстави на секој обид на владата на премиерката Тереза Меј да го искористи излегувањето на Велика Британија од ЕУ за да ја претвори земјата во „даночен рај“.

Корбин, кој се обрати на состанокот на социјалистите и демократите во Европскиот парламент во Брисел, претходно предупреди дека земјата мора да ја избегне „трката до дното“ со кратење на даноците за да привлече странски инвеститори.

„Ќе се спротивставиме на секој обид на британските конзервативци да го искористат Брегзит за да се обидат да создадат каков било нерегулиран даночен рак“, рече тој.

XS
SM
MD
LG