Достапни линкови

Притвор и за петтиот осомничен напаѓач на пратеникот Села


Демонстрантите од иницијативата „ За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието на Македонија на 27 април 2017

Судија на претходна постапка му определи 30-дневен притвор на петтиот осомничен Александар Јаневски - Тошта, за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, за настанот од 27 април во зградата на македонскиот Парламент.

„Притвор во траење од 30 дена беше определен и за петтото лице кое беше претходно лишено од слобода за истиот настан и за кое одлуката на Судот беше одложена заради влошена здравствена состојба на осомничениот“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Заедно со Јаневски во полициската акција беа уапсени уште четири лица. Станува збор за Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павлески – Кобра.

По нив уште на три лица им беше одреден притвор за нападот врз Села.

Во мај годинава за нападот врз Села први беа уапсени Кире Ѓоргиевски и неговиот татко, кои се исто така во притвор.

Со последниот изречен притвор, бројот на осомничени за нападот на пратеникот Села се зголеми на 10 лица.

XS
SM
MD
LG