Достапни линкови

Вработен во Општина Карпош ги променил бравите на архивата


Градоначалникот на општина Карпош во заминување, Стевчо Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вчера во полиција пријавил дека вработен во администрацијата ги променил бравите на просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки. Јакимовски вчера пријавил дека вработениот, без никакво овластување и знаење, ги земал клучевите од просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки и во текот на изминатото деноноќие неовластено ги променил бравите, при што општинската администрација нема увид и пристап до архивата и комисијата за јавни набавки на општината, соопшти Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG