Достапни линкови

ДИК ги разгледува приговорите за првиот круг од локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) ја започна седницата на која одлучува по приговорите во врска со гласањето на првиот круг на локалните избори. Поднесени беа 46 приговори, од кои 43 од ВМРО-ДПМНЕ. Пред почетокот на седницата опозициската партија повлече три од приговорите што се однесуваат на гласањето и сумирањето на резултати во Скопје и Прилеп. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговори за гласањето во Ѓорче Петров, Аеродром, Центар, Чаир, Сарај, Кисела Вода, Шуто Оризари, Гази Баба, Кривогаштани, Карпош, Прилеп, Радовиш и Струга. ТМРО за гласањето во Град Скопје, Алијанса за Албанците за Гостивар и Левица за гласањето во Куманово.

ДИК е должна да одлучи по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.

Управниот суд потоа е должен да донесе одлука во рок од 48 часа.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

XS
SM
MD
LG