Достапни линкови

Најмалку 43 загинати авганистански војници во талибански напад


Контролен пункт во Кандахар

Најмалку 43 авганистански војници загинаа, а деветмина се ранети кога талибанците ноќеска нападнаа воена база во провинцијата Кандахар на југот на земјата, информира денеска авганистанското Министерство за одбрана. Шестмина војници се водат како исчезнати.

Базата прво била нападната со два автомобила со експлозив, по што почнала повеќечасовна престрелка. Десетмина напаѓачи биле убиени, а базата целосно изгорела, информираат тамошните власти.

Талибанците, преку соопштение до медиумите, ја презедоа одговорноста за нападот. Тие велат дека убиле 60 војници и оти ја презеле контролата врз воената база.

XS
SM
MD
LG