Достапни линкови

Амнестија за романските затвореници ако немале хумани услови


Архивска фотографија: Затворот Рахова во Букурешт

Во Романија денеска стапи во сила законот, според кој затворениците кои ја издржувале казната во нехумани услови би можеле порано да бидат ослободени.

Романскиот претседател Клаус Јоханис, во текот на летниот период, го прифати законот кој предвидува намалување на казната за 20 отсто, односно скратување на казната за шест дена на секои 30 дена престој во затвор во несоодветни услови.

Опозицијата смета дека законот е „прикриена амнестија“, но од денеска тој стапи на сила.

Европскиот суд за човекови права претходно излезе со извештај, според кој условите во романските затвори ја нарушуваат европската конвенција за човекови права и им даде рок од шест месеци на романските власти да подготват план со мерки за подобрување на условите за живот на затворениците.

Затворите во Романија имаат дефицит од 8.500 места, имајќи ги предвид барањата на законодавството во областа на човекови права секој затвореник да располага со минимум четири метри квадратни површина.

XS
SM
MD
LG