Достапни линкови

Истекува рокот Каталонија да се изјасни дали прогласи независност


лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон

Денеска истекува рокот што шпанската влада му го даде на лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон да разјасни дали прогласи независност на тој шпански регион или не. Шпанските власти наведоа дека ако Пучдемон не се откаже од прогласувањето независност, делумно или целосно ќе и ја укине автономијата на Каталонија со примената на членот 155 од Уставот. Пучдемон по референдумот одржан на први овој месец, а кој Мадрид го прогласи за нелегален, потпиша декларација за независност на Каталонија чија примена веднаш ја суспендира во очекување на дијалог со Мадрид.

XS
SM
MD
LG