Достапни линкови

Самит на Европската унија во Брисел


Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред билатералната средба во пресрет на самитот на Г-20 во Хамбург, Германија, 6 јули 2017.

Во Брисел денеска и утре ќе се одржи самит на Европската унија на кој меѓу другото, ќе стане збор и за односите на Унијата со Турција. Според некои извори, германската канцеларка Ангела Меркел ќе предложела намалување на претпристапната помош на ЕУ за Турција. Тие додаваат дека било можно и да биде преструктуирана исплатата на помошта, така што ќе биде фокусирана врз засилување на граѓанското општество. Меркел за време на предизборната кампања ветуваше дека ќе стави крај на преговорите со Турција, но мала е веројатноста да биде постигнат консензус за тоа прашање.

XS
SM
MD
LG