Достапни линкови

Путин: Хрватска важен партнер на Русија на Балканот


рускиот претседател Владимир Путин и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, Сочи, 18.10.2017.

Хрватска и е важен партнер на Русија во Европа и на Балканот, изјавил рускиот претседател Владимир Путин, по состанокот со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во Сочи. Според него, во разговорот биле разгледани конкретни мерки за натамошен развој на билатералната соработка, посебно на економските врски. Тој додаде дека трговската размена меѓу двете земји лани изнесувала околу 890 милиони долари и оти во првата половина на оваа година таа била зголемана за 64 насто.

XS
SM
MD
LG