Достапни линкови

Седница на ДИК за приговорите


Прес-конференции на Државната изборна комисија (ДИК).

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледа и ќе реши по приговорите од подносителите на листи на кандидати на локалните избори. Вчера ДИК го усвои Извештајот за поднесените приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите. Во предвидениот рок до ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори. Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ 43 и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица. ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

XS
SM
MD
LG