Достапни линкови

Уставниот суд му се закани на молдавскиот претседател


Молдавскиот Уставен суд соопшти дека претседателот Игор Додон може привремено да биде суспендиран откако два пати одбил да го назначи новиот министер за одбрана. Проевропскиот премиер Павел Филип го предложи Еуген Штурца како министер за одбрана двапати минатиот месец, но Додон, кој сака поблиски односи со Русија, одби да го назначи. Додон рече дека нема да го одобри Штурза, бидејќи тој не бил професионален воен офицер. Претседателот на судот, Тудор Пантиру, денеска донесе одлука дека Додон има обврска да ги прифати назначувањата што ги направи Филип и дека може да биде му бидат привремено одземени должностите за намерно одбивање да изврши дел од неговите уставни атрибути. Додон ја нарекол пресудата "сериозно прекршување" на моќта на судот и се закани со улични протести. Молдавија нема министер за одбрана од декември минатата година, кога актуелниот претседател Анатол Салару се повлече од политичката борба. Додон минатиот месец побара смена на актуелниот министер за одбрана Џорџ Галбура, откако молдавската војска испрати војници на мултинационална обука во Украина и покрај противењето на претседателот.

XS
SM
MD
LG