Достапни линкови

Протести за реформи против корупцијата во Украина


Украинските демонстранти, кои бараат од претседателот Петро Порошенко да спроведе реформи за корупција или да се повлече, ја блокираа главната улица во близина на парламентот со десетици шатори. Вчера се собраа околу 4 500 демонстранти, а околу 200 беа на истото место и денеска. Тие велат дека ќе останат тука се додека нивните барања не бидат исполнети.

Сергеј Лешченко, пратеник на реформистичката опозиција, кој е гласен критичар на Порошенко, за Радио Слободна Европа изјави дека претседателот и неговата администрација го предизвикале протестот.

"Порошенко ги игнорираше сите барања на луѓето за преземање на антикорупциски мерки“, изјави Лешченко.

Демонстраторите се побројни од полицијата, но шефот на националната полиција, Серхиј Кнјазев, им изјави на новинарите дека властите не планираат со сила да го отстранат шаторскиот камп. Митингот е поттикнат од разочарувањето во Порошенко и неговата прозападна влада, која дојде на власт по соборувањето на Јануковиќ. Тој е обвинет од критичарите дека не успеал да ја искорени корупцијата на високо ниво.

XS
SM
MD
LG