Достапни линкови

Калан: Преговорите за кризата со визите се движат во правилна насока


Преговорите на Турција со Соединетите Држави за дипломатската криза се движат во добра насока, изјави портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

“Преговорите за решавање на кризата со САД се движат во правилна насока и во скоро време ќе биде решена”, посочи Калан.

Издавањето визи беше билатерално стопирано на 8 октомври во рамките на дипломатскиот спор поврзан со апсењето на турски претставник во Конзулатот на САД во Истанбул. Американска делегација вчера пристигна во Турција во обид за изнаоѓање на решение за излез од кризата. Калан минатата недела изјави дека различните ставови со САД не се многу сложен проблем и оти се може да се реши за еден ден.

XS
SM
MD
LG