Достапни линкови

Најмалку шест мртви во бомбашки напад во Пакистан


Најмалку шестмина полицајци и еден цивил загинаа, а 22 луѓе се ранети во бомбашки напад во градот Куета во југозападен Пакистан. Пакистанските Tалибанци ја презедоа одговорноста за нападот врз камион кој превезувал полициски службеници. Полицијата сè уште утврдува дали се работи за самоубиствен бомбашки напад или бомбата, поставена во автомобил, била далечински детонирана кога покрај неа поминувал полицискиот камион. Во друг напад во Куета, кој е главен град на провинцијата Балучистан, полицаец бил смртно застрелан додека одел на работа. Екстремистичката организација Лашкар-е-Џингви ја презеде одговорноста за овој напад.

XS
SM
MD
LG