Достапни линкови

Република Српска донесе резолуција за „воена неутралност“


Архивска фотографија: Собранието на Република Српска

Пратениците од Република Српска донесоа необврзувачка резолуција за „воена неутралност“ на овој српски ентитет од Босна и Херцеговина, како дел од напорите за спречување на евентуално членство на земјата во НАТО. Во резолуцијата донесена од Народното собрание на Република Српска во Бања Лука исто така се наведува дека босанските Срби ќе ги координираат сите идни одлуки за ова прашање со Србија.

Резолуцијата беше предложена од националистичкиот лидер на Република Српска, Милорад Додик, кој е сојузник на Москва и се противи на влијанието од НАТО, ЕУ и САД на Балканот.

Бошњаците и Хрватите од Босна и Херцеговина, пак, сакаат земјата да влезе во НАТО. Во 2006 година земјата се приклучи кон програмата на НАТО, Партнерство за мир.

XS
SM
MD
LG