Достапни линкови

Шпанија ќе ја укине автономијата ако Каталонија прогласи независност


Шпанската вицепремиерка Сораја Саенс де Сантамарија.

Шпанските власти денеска соопштија дека делумно или целосно ќе ја укинат автономијата на Каталонија, ако регионалните лидери не се откажат од прогласувањето независност.

Ако каталонскиот претседател Карлес Пучдемон не се откаже од независноста, тогаш ќе биде применет членот 155 од Уставот, со кој се овозможува укинување на автономијата, изјави шпанската вицепремиерка Сораја Саенс де Сантамарија.

Премиерот Маријано Рахој го повика Пучдемон да делува „разумно“.

Мадрид му даде рок на каталонскиот претседател до утре да одговори на прашањето дали прогласил независност или не. Минатата недела, Пучдемон потпиша декларација за независност на Каталонија, но веднаш потоа ја суспендира за да даде простор за дијалог со шпанските власти.

XS
SM
MD
LG