Достапни линкови

Иран спремен да соработува со американските нафтени компании


Архивска фотографија: Иранскиот министер за нафта Бијан Занганех.

Иран е спремен да соработува со американските нафтени компании, иако Вашингтон сè уште им забранува да работат во САД, рече иранскиот министер за нафта Бијан Занганех.

Повеќето држави, по потпишувањето договор за иранската нуклеарна програма, ги укинаа санкциите за компаниите за нафта и гас што работат во Иран, забраната на САД сè уште е на сила.

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела најави дека ќе бара измени во „нуклеарниот договор“ со Иран и ги критикува европските земји зашто учествуваат во иранските енергетски проекти. Иран ги има едни од најголемите неексплоатирани резерви на нафта и гас.

XS
SM
MD
LG