Достапни линкови

Поднесени 46 приговори до ДИК, најмногу од ВМРО-ДПМНЕ


Државната изборна комисија

Во предвидениот рок до Државната изборна комисија се поднесени вкупно 46 приговори за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври.

Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ 43, и по еден приговор има од ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

ДИК претходно соопшти дека биле поднесени 48 приговори, но набрзо потоа испрати коригирана информација.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, веднаш после изборите оцени дека изборите поминале во недемократска атмосфера и најави претставки и жалби.

XS
SM
MD
LG