Достапни линкови

Ново рочиште за „Сопот“, треба да бидат сослушани сведоци


Архивска фотографија: Адвокатите и обвинетите во предметот Сопот пред Основен Суд Скопје 1

Судењето за случајот „Сопот“ во кој 10 лица се обвинети за тероризам, денеска треба да продолжи во Кривичниот суд со сослушување сведоци.

Претходното рочиште на 9 октомври беше одложено по предлог на одбраната, која побара дополнително време за подготовка, поради промената на судиите во кривичниот совет и преземањето на случајот од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево - Сопот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

XS
SM
MD
LG