Достапни линкови

Повторно блокирна забраната на Трамп за влегување во САД


претседателот на САД Доналд Трамп

Американски сојузен судија на Хаваи ја блокира последната верзија на забраната за влез во земјата само неколку часа пред да стапи во сила оваа мерка на претседателот Доналд Трамп. Окружниот судија Дерек Ватсон го одобри барањето на сојузната држава Хаваи привремено да ја блокира владата во Вашингтон од спроведувањето на забраната. Таа требаше да стапи во сила на полноќ по американско време. Според новата верзија, опфатени се граѓаните на Чад, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија и Јемен, како и некои владини претставници на Венецуела.

XS
SM
MD
LG