Достапни линкови

Трамп и Ципрас разговарале за економската соработка


грчкиот премиер Алексис Ципрас

Американскиот претседател Доналд Трамп, во текот на првата посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Вашингтон, го пофали економското заздравување на Грција. Трамп притоа вети дека САД долгорочно ќе ја поддржуваат таа земја. „Ќе зборуваме за дополнителни начини на кои Грција може да ни помогне и ние ќе и помогнеме на Грција. Имавме долгорочни односи со Грција, тие беа одлични пријатели и лојални пријатели и сојузници“, изјави Трамп и истакна дека со нетрпение ја чекал денешната средба со Ципрас. Грчкиот премиер, од своја страна, му се заблагодари на американскиот претседател за поканата, истакнувајќи дека тоа е важен момент за стратешката соработка меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG