Достапни линкови

Полицијата приведе уште едно лице за насилствата во Собранието


Полиција, полициско комбе.

По пријава на граѓанин полицијата го пронашла и привела еден од тројцата осомничени за насилните протести во Собрание на 27. април. Приведен е Оливер Ошавковски, лицето кое на фотографијата што ја објави МВР е со качкет на главата. Него полицијата го нашла во неговиот дом во населбата Хром откако граѓани кои го препознале од фотографиите објавени на сајтот на МВР го пријавиле во обвинителството.

Јавното обвинителство соопшти дека сите три лици од фотографијата се идентификувани и приведени.

Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени.

По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени од слобода, информираа преку соопштение.

Станува збор за лица кои се инволвирани во кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија. Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени согласно член 277 од Законот за кривична постапка, по предходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и во соработка со Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG